Трудници, јадете зеленчук за да го засакаат и вашите бебиња

 

Научниците се сигурни дека најлесен начин да се влијае на тоа децата да го засакаат зеленчукот е доколку мајките почнат да ги навикнуваат децата на вкусовите на зеленчукот уште додека тие се во нивниот стомак.
Најдобар начин да се изгради љубовта кон здравата храна кај бебињата е идната мајка редовно да конзумира здрава храна во текот на бременоста. Вкусот на храната се пренесува од мајката на детето преку амнионската течност и подоцна преку мајчиното млеко.

Вкусовите на нането, лукот, анасонот, ванилата, морковот и сл. се меѓу првите вкусови што ги открива бебето уште додека е во мајчиниот стомак, доколку неговата мајка ги конзумира овие хранливи намирници.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk