Убавината доаѓа одвнатре-храна која ветува не само убав вкус туку и убава кожа

Бразилските ореви се вистинска ризница на селен кој е одличен за нашиот имунолошки систем.

Селенот ги спречува воспалителните процеси и се бори против слободните радикали, процес кој помага да се регулира метаболитичкиот процес. Регулираниот метаболизам е предуслов за здрава и сјајна кожа.

Авокадото содржи многу растителни влакна и здрави масти кои природно ја негуваат нашата кожа. Исто така, оваа овошка содржи голема количина на витамините Ц и Е, како и антиоксиданси.

Семките од тиква се полни со цинк-минерал кој ја заштитува кожата од штетните ув зрачења преку поттикнувањето на процесот на создавање на колаген. Тие се одличен извор на железо, протеини, калциум и магнезиум, сите важни за одржување на циркулацијата во организмот и оптимален пренос на кислород до сите клетки, вклучувајќи ги и клетките на кожата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk