Уживајте во вкусот но внимавајте на количината на испиениот зелен чај

Зелениот чај е релативно сигурен природен лек, но може да делува на други лекови зголемувајќи го или намалувајќи го нивното делување.
Кога се комбинира со одредени антибиотици или контрацептивни таблети може да предизвика зголемено чувство на вознемиреност, забрзана работа на срцето или интензивна главоболка.
Кога се конзумира заедно со лекови кои ја разредуваат крвта, зелениот чај значително може да го интензивира нивното дејство.

Најголеми негативни ефекти има комбинацијата на зелен чај и ефедрин која може да резултира со преголема срцева стимулација.

Не се препорачуваат повеќе од пет шолји зелен чај во текот на денот. За трудниците две шолји од овој чај се сосема доволни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk