Употребата на антидепресиви во бременоста го зголемува ризикот за појава на аутизам кај децата

Професорката Аник Берард од Универзитетот во Монтреал заедно со својот тим научници, анализирајќи вкупно 145,450 трудници во Квебек  докажала дека антидепресивите во бременоста го зголемуваат ризикот за појава на аутизам кај детето.
Според податоците од истражувањето, честата употреба на антидепресиви во текот на бременоста од страна на мајката го зголемува ризикот за појава на аутизам кај децата за повеќе од 60%.

Иако  многу од  причините за појава на аутизмот кај децата и понатаму остануваат непознати, според оваа професорка, користењето на антидепресивите кои што влијаат врз лачењето на серотонин особено во второто и третото тромесечје од бременоста значително го зголемува ризикот за појава на аутизам кај детето. Фокусот паѓа на третото тромесечје од бременоста бидејќи тоа е период кога мозокот на детето поминува низ клучна фаза од развојот а антидепресивите во тој период ја загрозуваат можноста тој во целосност да се развие.

Во истражувањето, аутизам е дијагностициран кај 1,045 деца на просечно 5  години.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk