Употреба на природни лаксативи во бременоста

Проблемите со опстипацијата во бременоста на најефикасен начин може да ја решите со користење на тн. “волуменски” природни лаксативи.

Тие делуваат на тој начин што преку нивниот внес се набабрува слузта во цревата која што го притиска ѕидот на цревата и го зголемува волуменот на столицата со што го олеснува празнењето.

Природни волуменски лаксативи се пред се лененото семе (Lini semen) и семето од индиската пченица (Plantaginis ovatae). При конзумирањето на овие семенки неопходно е конзумирање на поголема количина на течности.

Во бременоста не е препорачливо да се користат тн. ” надразнителни ” лаксативи, како што се кора од крушина – крковина (Frangulae cortex) и лист од сена – мајчин лист (Sennae folium) . Нивната употреба не се препорачува бидејќи при тоа се зголемува ризикот од можна појава на предвремени контракции.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk