Успехот на училиште зависи од исхраната

Објавено на: Nov 22, 2016 од Мама Силвана

Учениците кои за време на првите одделенија во основно училиште јаделе овошје, зеленчук, риба и интегрални житарки, добивале подобри оценки од врсниците кои главно јаделе месо, благо и зачинети јадења.

Резулататите од студијата во која биле вклучени 160 деца покажува дека здравата храна влијае на подобро читање, пишување и разбирање на материјата.

Квалитетот на исхраната бил следен и анализиран врз основа на дневникот на производи, а успехот во школото со помош на стандардизирани тестови. Децата кои се придржувале до здраво мени, најдобро ги изработувале школските задачи.

-Резултатите од стуијата не се поврзани со социјалниот статус на учениците, физичката активност или градба туку исклучиво со производите кои ги внесувале во организмор – изјавил Еро Хапала кој бил еден од изведувачите на студијата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…