Учителите имаат значително влијание врз децата

Објавено на: Nov 15, 2016 од Мама Силвана

Колку учителите се важни, посебно за децата на предтинејџерска возраст, покажува швајцарското истражување спроведено во Цирих на повеќе од илјада ученици.

Децата кои на возраст од 10-11 години имаат добар однос со наставникот имаат 38 проценти помали шанси да бидат агресивни, и 18 проценти поголема веројатност да покажат алтруизам и спремност за соработка.

Исто така дури 56 проценти се намалува веројатноста од бунтовничко однесување, како и расправии и освета со лица со авторитет.

Влијанието на позитивниот однос со учителот со тек на време се намалува, но и понатаму е присутно па така за две години подоцна, овие деца биле за 10 проценти помалку агресивни, а по четири за 9 проценти.

Мислењето и чувството на детето спрема учителот се испостави како најзначаен фактор кој предвидува добро или лошо однесување.

Добриот учител има поголемо влијание отколку советувањето или програмата против насилство која школите ја организираат.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…