Фебрилна конвулзија

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Фебрилна конвулзија се напади кои се јавуваат кај одредени деца кои имаат висока температура или треска проследена со висока температура. Оваа состојба најчесто ги погодува децата помеѓу шестиот месец и петтата година од животот.

Состојбата вообичаено се појавува првиот ден од болеста кога температурата е повисока од 38 степени.

Иако оваа состојба за родителите изгледа застрашувачка, фебрилните конвулзии вообичано престануваат само по неколку минути, а не предизвикуваат никакви здравствени проблеми.

Симптомите се тресење на рацете и нозете, грчење, хрчење и несвестица.

Ако мислите дека детето ја доживеало оваа состојба, обидете се да останете мирни и да не паничите. Ставете го детето на страна, внимавајте на дишењето, а следете ја бојата на лицето на детето, обидете се да следите колку долго трае нападот.

Брза помош повикајте ако детето има напад кој трае повеќе од десет минути. Детето добие модра или сива боја. Почнува да повраќа во текот на нападот и ако детето почне да се гуши.

Овој напад не може да се предвиди и затоа е потребно ако детето има висока температура, да му дадете парацетамол или бруфен и да го туширате со млака вода додека температурата не се намали.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…