Фенг шуи правила за детската соба

Според правилата на овој древен кинески систем, децата ќе уживаат во својата детска соба доколку таа се наоѓа во источниот дел од куќата.

Поточно, за вашите синови треба да го отстапите источниот дел од домот, а за ќерките југоисточниот.

Никогаш не ги сместувајте децата во детска соба која има:

– Носечка греда на кровот над било кој дел од собата
– Премногу низок плафон
– Прозор кој има поглед кој дрво кое што е премногу блиску до куќата

Кога ја опремувате детската соба мора да внимавате на боите.

Вашето дете ќе расне полно со ентузијазам и мотивација доколку одберете бела боја во комбинација со јаки пастелни бои.

Исто така, треба да внимавате во собата да има постојано движење. Затоа не заборавајте да поставите часовник или играчка која се клати.

Работната маса на детето поставете ја така да кога детето ќе работи на неа не биде свртено со грбот директно кон влезната врата во собата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk