Феталниот период започнува на крајот на десеттата недела од бременоста

Феталниот период започнува на крајот на десеттата недела од бременоста односно од
осмата недела oд ембрионалниот развој на плодот.

Почнувајќи од оваа недела па сé до раѓањето , организмот во развој во матката на трудницата се нарекува фетус

Овој период е карактеристичен со промени во органите кои се веќе формирани во ембрионалниот период.

Ембрионалниот период најчесто завршува до десеттата недела од бременоста.

Во основа органите се веќе формирани , па затоа фетусот не е толку осетлив при изложувањето на штетните агенси во околината . Наместо тоа, изложувањето на штетни влијанија најчесто предизвикува физиолошки абнормалности или конгенитални аномалии.

Во феталниот период многу е мала можноста за голем дефект на орган или органски систем кај бебето. Сега органите и поголемите структурни делови продолжуваат да растат, да се развиваат и да се диференцираат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk