Фејсбук смисли начин како да ги заштити родителите и децата

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

Фејсбук основаше Портал за родители- онлајн извор на информации и практични совети кои на вас и вашето дете ќе ви помогнат да се снајдете и подобро да ја разберете оваа социјална мрежа.

Само во Америка, самоубиствата кај децата на возраст од 10 и 24 години и понатаму претставува втора најчеста прочина за смрт, а социјалните мрежи се примарен начин на комуникација на оваа возрасна група.

Затоа и не е чудно што Марк Цукерберг се одлучи на овој потег, сакајќи на родителите да им пружи шанса низ Порталот за родители, подобро да го разберат он-лај светот и така да научат да го заштитат детето.

Во рамките на оваа платформа, која е преведена на сите светски јазици Фејсбук нуди како свои така и совети на стручњаците за безбедност на теми како што се онлајн правила, сигурносни и проверка на приватноста, мерки за препознавање и спречување на насилство меѓу врсниците.

На овој портал има и корисни опции за самите деца така што детално ќе се информираат што е малтретирање и насилство меѓу врсниците, како да се постават и што да направат ако се малтретирани.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…