Физички активности кои трудницата треба да ги избегнува

 

Физичката активност е повеќе од добредојдена во текот на бременоста. Кога сте физички активни му помагате на телото полесно да ги преброди промените кои што ќе настанат кај него и секако ќе влијаете кон тоа да не се зголеми телесната тежина повеќе од очекуваното.

Сосема е во ред трудницата да ги задржи дневните физички активности кои ги правела пред да забремени како и практицирањето на одредени умерени вежби ( пр. трчање, јога, танцување, прошетки, пилатес и сл. ) Вежбањето во текот на бременоста не е опасно за бебето, напротив според некои истражувања физички активните трудници се соочуваат со помала можност за појава на компликации во подоцнежната бременост.

Сепак, за трудниците е препорачливо да ги избегнуваат оние спортови каде постои опасност од удар како што е сквошот, каратето, џудото и сите останати спортови каде што се користи топка.
За трудниците е забрането планинарењето, особено престојот на простор што се наоѓа над 2,500 метри надморска височина.

За разлика од пливањето, нуркањето е исто така строго забрането поради ризикот на појава на декомпресија и гасна емболија кај плодот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk