Фокусирајте се на решението, така и проблемот ќе изгледа помал

Проблемите со непријатните ситуации со кои неочекувано се соочуваме во животот во голема мера може да го одвлече нашето внимание од важните работи кои би требало да ни се приоритетни.
Фокусирањето на животните цели многу често може да помогне во целост да избегнеме некој проблем, но доколку тој сепак се случи, она што е најважно е да се обидеме да ја видиме пошироката слика.

Доколку приметите дека тонете во апатично расположение поради проблемите во кои што сте се нашле помогнете си така што ќе седнете и ќе ги напишете своите цели и мислењето на кој начин најефикасно ќе можете да ги остварите целите.

Најважно од се е да се фокусирате на решението, а не на проблемите. Непријатните ситуации се непријатни само до толку колку што ние самите правиме да бидат непријатни. Не разговарајте за проблемите, разговарајте за можните решенија.

Мотивираните луѓе ни за момент не дозволуваат да бидат зафатени од виорот на тагата што ја носи можниот неуспех и проблемите со кои ќе се соочат попатно.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk