Формула која го одредува приближното време на овулирање

Доколку имате регуларен менструален циклус, доволно е внимателно обележување на датумите во календарот за да добиете претстава кога настапуваат можните денови на овулација.

Но, да напоменеме, броевите што подолу во текстот ќе ги сретнете се генерализирани податоци, некои жени можно е да имаат рана или задоцнета овулација.

Формулата за добивање на приближното време на овулирање е многу едноставна.

Од вкупниот број на денови на циклусот се одземаат 16 дена, а потоа се додаваат 4.

Пример-ако циклусот ви трае 28 дена, 28-16=12 , 12+4=16, значи можната овулација ќе се случи во периодот од 12 до 16 ден.

За прв ден од циклусот се смета првиот ден од менструалното крварење.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk