Хигиена на првите запчиња

Во устата на вашето бебе се појави првото запче, покрај среќата што сигурно ја чувствувате веќе треба да размислувате за хигиената на забите.
Се повеќе детски стоматолози препорачуваат да се избегнува употребата на четкичките за заби во тој почетен стадиум, односно се додека не пораснат и останатите запчиња. Дури и ако четкичката за заби содржи најмеки влакненца тие лесно можат да ги иритираат и така воспалените непца од кои се очекуваат новите запчиња.

Заштитете ги чувствителните непциња на бебето така што при одржувањето на хигиена на првите неколку запчиња ќе користите вода и газа.

Избегнувајте вашето бебе да заспива со шишенце во устата бидејќи доколку во шишенцето има слатка течност значително се зголемува ризикот за појава на циркуларен кариес. После секој оброк понудете му на бебето вода, за да се исчистат евентуалните остатоци од храна во устата.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk