Хормоните на трудницата реагираат и на психичката состојба на нејзиниот партнер

 

Менталното здравје на татковците во текот на бременоста во еден сегмент е навестување на менталното здравје на детето по раѓањето-тврди универзитетскиот професор по педијатрија Даниел Армстронг.
Според него секогаш постои можноста склоноста кон емоционални потешкотии да биде пренесена генетски од татковците на децата. Имено, депресијата кај татковците може да влијае врз психичката состојба на трудницата а на тој начин индиректно да влијае и врз фетусот во развој.

Ако таткото е под силен стрес, тоа може да влијае врз хормоните на идната мајка во текот на бременоста, а тоа пак да се одрази врз нејзиното психичко здравје, сонот, апетитот и сл.

Според професорот Армстронг решението е едноставно: ” Секогаш кога идната мајка доаѓа на преглед лекарот треба да одвои време и да праша како е таткото. Прашање кое скоро никогаш не се поставува иако и идниот татко поминува низ пред се психички промени додека е во исчекување на новороденчето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk