Хормоните се виновници за интензивниот пад на косата во текот и по бременоста

Кај скоро 50 % од жените во текот на бременоста се појавува проблемот на претерано испаѓање на косата.

Овие промени кои настануваат поради хормоналниот дисбаланс во организмот се најчести и најинтензивни во првото тромесечје од бременоста и три месеци после породувањето.

Откако ќе помине првото тромесечје хормоните постигаат високо ниво кое го спречува опаѓањето во толкава мера.

Но после породувањето тоа хормонално ниво драстично опаѓа и може да предизвика опаѓање на косата. Најчесто се проретчува косата во пределот над челото.

По изминувањето на првите 12 недели по породувањето косата полека почнува да се враќа во нормала а за потполно регулирање на опаѓањето може да се зборува по истекот на шестиот месец и подолго.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk