ХПВ вирус тивка инфекција без симптоми

Инфекцијата со Хуман папилома вирусот (ХПВ) скоро и да е неопходен фактор за развојот на на рак на грлото на матката.
ХПВ инфекциите се многу чести и кај мажите и кај жените. Според статистичките податоци, 80% од сексуално активните луѓе некогаш ја имале оваа инфекција, без разлика дали имале симптоми и биле свесни за нејзиниото постоење или не.

Поврзаноста меѓу ракот на грлото на матката и ХПВ инфекцијата е предизвикување на промени во клетките на грлото на матката, односно до развој на неоплазма, која подоцнежно може да доведе до рак.

ХПВ инфекциите обично не даваат никакви симптоми, па Вие или Вашиот партнер може да не сте свесни за сегашните или минатите ХПВ инфекции.

Бидејќи ХПВ вирусот може да остане во клетките на телото доживотно, абнормалните промени на клетки на грлото на матката кои предизвикуваат рак на матката, може да бидат последица од тоа што Вие или Вашиот партнер сте имале ХПВ инфекција со години наназад.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk