Храбриот и самосвесен родител е она што најмногу му е потребно на детето со посебни потреби

Најтежок предизвик за родителите е да признаат дека нивното дете има проблем.
Да се има дете на кое му е потребна дополнителна подршка во остварувањето на секојдневните активности со себе носи бројни психолошки предизвици и притисоци.

Првиот и најголем предизвик за родителите е да го признаат фактот дека нивното дете има проблем и дека му е потребна дополнителна помош. Тој момент е уште потежок кога никој со сто процентна сигурност не може да каже што точно не е во ред со детето, иако очигледно е дека отстапува од нормалниот развој.

Отежнување за родителите може да претставува и неможноста за одредување на вистинска терапија која во комбинација со раната дијагноза ќе може да придонесе за навремен третман и подобри резултати во иднина.

Со појавата на симптомите родителите почнуваат преговори за почетокот на долгата и тешката битка. Подготовките може нема да може да средат баш се, како што не можат да го намалат стравот од тоа дека постојат нешта што не можат да се поправат.

Во моментите кога треба да се направи првиот избор. да се признае дека нешто не е во ред со детето и да се избере најадекватен лекар кој ќе постави реална дијагноза, токму тогаш, на почетокот на долгото патување, родителите треба да бидат најјаки, дури и кога преживуваат бура од внатрешни раздори.

Храбриот и самосвесен родител е она што најмногу му е потребно на детето со посебни потреби.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk