Храната влијае врз зачестеноста и интензитетот на вагиналните инфекции

За жените кои што страдаат од чести вагинални инфекции препорачлива е алкалната диета, која ја регулира киселоста во организмот.

Доколку вагинитисот постојано се повторува тоа е знак дека е потребно да се промени начинот на исхрана, особено доколку имате дијагностицирано габична вагинална инфекција.

Исхраната треба да се заснова на свежо овошје и зеленчук, со честа употреба на лимон, интегрални житарици (просо, хељда) Исто така препорачливо е маслото за јадење да биде ладно цедено. Во менито се почесто треба да бидат застапени јаткастите плодови и медот.

Од исхраната треба да се елиминираат оние намирници кои содржат шеќер, вклучувајќи ги тука и газираните напитоци, кечапот, соковите, индустриски преработената храна, белото брашно, месните преработки и конзервираната храна.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk