Храната готвена на пареа е најдобриот избор за подготовка на бебешките оброци

Готвењето на пареа има двојна придобивка, освен што е влог во подобрување на општата здравствена состојба на организмот, истовремено го поттикнува доброто варење на храната и развојот на дигестивниот тракт, особено кај децата уште во најраната возраст.

Точно, готовите кашички кои можете да ги најдете на полиците во секоја аптека или маркет се полесниот но не секогаш и подобриот избор особено кога станува збор за почетоците на воведувањето на цврста храна на бебето. Нема ништо подобро, поздраво и повкусно од домашно приготвените бебешки оброци, без ниту еден адитив или конзерванс.

Она што ќе придонесе домашните оброци да бидат побогати со хранливи состојки е токму нивното готвење на пареа. Без разлика дали ќе готвите зеленчук, месо или риба, готвењето на пареа овозможува задржување на голема количина на витамини, минерали и протеини заслужни за растот и развојот на бебето, овозможувајќи да ги вкуси природните вкусови на храната.
Готвењето на пареа, освем што ги задржува хранливите состојки во намирниците, ги чува и нивните изворни арома и вкус.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk