Храна која не се препорачува ако сте настинати

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

За да не правите непотребни грешки, односно настинката и грипот да ги пролонгирате во недоглед, а де не знаете зошто тоа се случува информирајте се на време.

Одредена храна и пијалоци кои ги конзумираме секојдневно не поттикнуваат лошо да се чувствуваме и ја зголемува настниката.

Кафе

Кафето содржи кофеин, кој е силен диуретик, предизвикува дехидратација и слабеење на организмот. Намалете го внесот затоа што ионака ни е потребна поголема хидратација.

Млечни производи

Млечните производи го зголемуваат лачењето на природна слуз во организмот, што дополнително ја зголемува кашлицата.

Купечки овошни сокови

Купечките овошни сокови не се добри ниту кога сме здрави, а не пак кога организмот се бори со настинка. Голема колична на шеќер ги краде витамините од телото и го ослабува имунитетот.

Пржена храна

Пржената храна е полна со заситени масни киселини кои тешко се варат па можат да го ослабат дигестивниот систем кој поради болеста е доволно ослабен.

Кисели производи

Веќе оштетената слузница, киселите производи дополнително ја иритираат и ги зголемуваат симптомите на болеста. Па така киселото овошје и цитруси треба да се избегнуваат. Поточно цитрусте треба да се цедат и да се мешаат со топли пијалоци и мед.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…