Хризантемата е одличен прочистувач на воздухот во затворените простории

Најдобар и најефикасен начин да го прочистите воздхухот во домот од наталожените токсини е одгледувањето на собни билки.

Нивниот ефект доаѓа во полн сјај  кога времето ќе залади и прозороите ќе се отвораат поретко што ќе придонесе воздухот во домот почесто да станува загушлив.

За таа цел препорачливо е да се одгледуваат билки како што се фикусот, бамбусовата палма, бршленот и хризантемата.

Особен акцент овој пат ќе ставиме на хризантемата. Таа е најдобро цвеќе за прочистување на воздухот. Иако технички таа не е домашна билка, во услови на внатрешно одгледување може да потрае и до шест недели. Таа делува на тој начин што ги елиминира амонијакот и бензенот од воздухот. Освем како прочистувач на воздухот од бензен, јаглероден моноксид и трихлороетилен оваа билка е извонреден елиминатор и на алергени кои произлегуваат од мувлата и домашните животни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk