Црвеното месо не е опасно ако се јаде преку ден

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Кате

Фановите на сендвичи со сланина и хамбургери сигурно ќе се израдуваат ако откријат дека нема закана од кардиоваскуларни болести, ако ги јадат преку ден пишува Дејли експрес, повикувајќи се на резултатите од американско истражување.

Масовно пропагандираната идеја дека црвеното месо го зголемува крвниот притисок и холестеролот – фактори на ризик за болести на срцето, е мит, тврдат авторите на оваа студија од Универзитетот „Пердју“.

Стравот дека црвеното месо може да им наштети тера многу луѓе да се воздржат од конзумацијата на богати со хранливи материи производи како говедско, шунка, јагнешко и свинско.

Авторите на оваа студија утврдиле дека потрошувачката на половина порција црвено месо дневно или три унци (1 унца – 28,3 грама) три пати неделно не влијае негативно врз крвниот притисок и холестеролот. Три унци се еднакви на стандарден хамбургер или на три парчиња сланина, забележуваат агенциите.

„Оваа студија ја поддржува идејата дека црвеното месо не треба да се исклучува од здравата исхрана, бидејќи освен богат извор на протеини, содржи и железо“, вели Вејн Кембел од истражувачкиот тим.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…