Чаша свежо цеден сок од портокал е чаша здравје

Постојат многу причини зошто да си посакате добро утро со една чаша свежо исцеден сок од портокал.

Позитивните придобивки по вашето здравје се огромни.

Имено, до сега во неколку наврати научниците докажале дека состојките во портокалот драстично го намалуваат  ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2,  од леукемија и рак на дебелото црево.

Свежо исцедениот сок од портокал содржи антиоксиданси, меѓу кои и моќните хесперидин и нарингинин, кои се најголеми сојузници на организмот против слободните радикали, кои пак се главни виновници за појава на канцерогените клетки.

Поради својот богат витамински и минерален состав, портокалите претставуваат одличен извор на енергија.

Од витамините во својот состав ги содржат витаминот Ц, витамини од Б комплексот, А и Е, а од минерали содржат многу калциум, како и магнезиум, фосфор и калиум како и бета-каротен.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk