Чекањето во редица со детето може да биде напорно искуство

Чекањето во редица со мало дете понекогаш може да се претвори во најголем кошмар. Децата немаат толку трпение, а мораме да признаеме чекањето воопшто не е интересно. Заглавени во редица, децата често почнуваат да плачат станувајќи нервозни и раздразливи.

Освен идеата да излезете од редот и да си заминете дома, секогаш постои можност да се обидете да го забавувате детето и да успеете да ја завршите саканата обврска на шалтерот, касата во маркетот и сл. Тоа не значи дека веднаш треба да го извадите таблетот или мобилниот телефон од ташната, напротив обидете се да бидете креативни и активно да учествувате во играта со детето.

– Играјте ја играта “на буквата, на буквата” Иако е стара ова игра никогаш нема да биде досадна. Воочувајте ги предметите во просторијата и именувајте ги според буквата.

– Редот е совршена прилика да ја пробате играта борба со палците. Преправајте се дека се мачите додека вашето дете упорно се обидува да го собори вашиот палец.Верувајте ќе му биде забавно.

– Пејте му ја омилената песничка на вашето дете, секако обидетете се да не бидете премногу гласни

– Разговарајте за најдобриот и најлошиот ден. Доколку вашите деца се малку постари поттикнете разговор за тоа како си поминале минатата недела, што им се случувало на училиште, кој бил нивниот најдобар ден а кој најлош и сл.

– Доколку чекате во редицата за касата во маркетот замислете си дека корпата што ја држите во раце или ја туркате е корпа за на излет. Започнете игра со именување на предметите во корпата, создавајќи низа, секој треба да ги повтори претходно кажаните предмети пред да каже нов.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk