Четири најдобри положби за држење на бебето

Положба лотос:
Положба која обезбедува смирување
Оваа положба го потсетува бебето на положбата што ја имало во мајчиниот стомак и е одлична за отпуштање и смирување.
Свртете го бебето со грб кон вас, а главчето потпрете го на вашите гради. Со едната рака свијте ги нозете на бебето кон неговото стомаче.

Положба на рамо:
Положба иделана за мазење и галење
Оваа положба има двојно значење за бебето. Може да се мази допирајќи го мајчиниот врат, смирувајќи се од добро познатиот мирис на мајката ( или таткото ) Исто така, во оваа положба бебето може лесно да го открива светот околу себе гледајќи преку рамото на тој што го носи.
Свртете го бебето со градите кон вас. Подигнете го толку високо за да може да ја спушти главата на вашето рамо. Со едната рака придржувајте го тилот од главчето на бебето а со другата неговото газе.

Положба на стомак:
Идеална положба за подобро варење на храната
Оваа положба е исклучително поволна за бебињата кои имаат стомачни грчеви бидејќи им го грее стомачето и ги отпушта.
Провлечете ја подлактицата под бебешкиот стомак, а со дланката придржувајте го бебето помеѓу нозете. Ако вашата надлактица дојде под бебешкиот стомак тогаш главчето на бебето треба да ја допира внатрешната страна на вашиот врат. Менувајте ги рацете наизменично. Со слободната рака можете да го галите или нежно да го масирате бебето по неговиот грб, нозе или стапала.

Положба на грб:
Положба за будење:
Идеална положба за бебињата кои што се хранат од шише, за нишкање и прошетка.
Фатете го бебето со рацете околу грбот а главата придржувајте ја со внатрешната страна на лакотот и водете сметка таа секогаш да биде во линија со телото. Со другата рака придржувајте ги колковите на бебето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk