Чоколадна експлозија за чија подготовка не е потребно печење

 

Вкусни чоколадни коцки за чија подготовка не е потребно печење.

Потребни состојки:
– 200 гр шеќер
– 100 мл слатка павлака
– 120 гр путер
– 100 грама брашно
– 100 грама чоколадо за готвење
– 100 грама ореви
– 100 грама мелени бисквити

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги шеќерот, путерот и слатката павлака. Садот ставете го на оган и загревајте. Штом ќе почне да врие намалете ја температурата и престанете со мешање. Оставете го садот на тивок оган уште неколку минути. Потоа, тргнете го садот од оган и оставете ја смесата да се олади и додадете го брашното, чоколадото (рендано или ситно дробено), оревите и бисквитите. Сето тоа добро промешајте го се додека не добиете хомогена смеса.
Смесата пресипете ја во подмачкан плех со димензии 20 x 20 и ставете ја во ладилник да се стегне. После еден час, извадете го плехот од ладилникот, пресечете ги коцките и послужете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk