Чоколадо во таблети кое што не дебелее

Научниците конечно овозможија нов начин на конзумирање на чоколадо- без страв од здребелување и броење на коцкичките чоколадо.
Новото здраво чоколадо е во форма на таблети за кои научниците тврдат дека се потполно здрави и дека не гојат. Овие таблети се богати со флаванолин, суплимент кој во комбинација со екстрактот од какао ја подобрува циркулацијата и го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Овие чоколадни таблети се одобрени од страна на Европските здравствени власти кои се сложиле со фактот дека помагаат во одржувањето на здравјето на срцевиот мускул. Со истиот податок се сложил и Институтот за безбедност на храната во ЕУ кој тврди дека 200 милиграми флаванол во текот на денот навистина го чува здравјето на луѓето.

За да ја задоволат дневната потреба од флаванол, луѓето би требало дневно да изедат околу две црни чоколада што значи внес на повеќе од 400 калории и 20 грама масти или пак четири млечни чоколади, односно дополнително да се оптоварат со 900 калории.

Токму во овој поглед таблетите од чоколадо ја покажуваат целта на своето постоење. Вистинските љубители на чоколадото можат да уживаат во богатиот вкус два пати во денот. Со две таблети дневно ( кои треба да се растопат во устата ) се задоволува дневната потреба од флаванол а при тоа не се внесуваат дополнителни калории и масти.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk