Шетајте по студот, побрзо ќе согорите калории

Објавено на: Jan 12, 2017 од Мама Силвана

Шетањето по студено време ќе ви помогне побрзо да ги согори калориите, да дишете чист воздух и да добиете доволна доза на витамин Д, кој е неопходен за добар имунитет.

Ако за време на празниците сте претерале со алкохол, пијте вода за да го хидрирате организмот. Добро решение се јаболката, кои со помош на пектинот кој го содржат, ги чистат токсините од телото.

Пијалокот со јаболков оцет ќе го поттикне дигестивниот систем да работи. Доволно е во чаша вода да се додадат две лажици јаболков оцет и засладете со мед.

Јаболковиот оцет го чисти телото, разградувајќи го вишокот на маснотии, а воедно ги неутрализира ензимите кои поттикнуваат собирање и создавање на маснотии и создава чувство на ситост.

Чајот од нане го поттикнува варењето на маснотиите што придонесува за помалку надуен стомак.

Сварете едно литро и оставете го во фрижидер. Утредента додадете лимон, бидејќи витамин Ц ќе ви помогне подобро да функционирате.

Ананасот прави чуда во борбата против подуеноста, па уште ако додадете ленено семе, кое во себе содржи добри масни киселини, кои помагаат во согорување на мастите, ќе се добие совршен пијалок.

Ананасот ги разложува протеините, лененето семе маснотиите така што имате добитна комбинација.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…