Шетање на бебето во зима

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Силвана

Шетањето на бебето на почеток треба да трае 15-20 минути, па секое наредно излегување продолжувајте за по 10 минути, се додека бебето не огладне, а на зима не подолго од два часа.Не го следете календарот, туку прилагодувајте се на моменталните временски услови.

Бебето најлесно шетајте го во количка. Додека е мало, нека се шета во лежечка положба свртено кон оној кој ја турка количката поради добра комуникација. Бебињата постари од пет месеци можете да ги шетате во кенгур свртени кон вас.

Во зима, бебето облечете го во џемпер, јакна, скафандер. На глава задолжителна е капа која ги покрива ушите, ако температурата е близу нула, и на капуљача, а на рацете топли ракавици.

Шалот треба да го грее вратот, но не се става преку уста. На зима, бебето треба да го шетате во најтоплиот дел од денот, 12-13 часот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…