Шеќерот е пријател на ракот

Резултатите од деветгодишниот истражувачки проект во Белгија кој беше објавен во магазинот Nature Communications се сметаат за клучни во истражувањата за рак, бидејќи научниците конечно го разјаснуваат Варбурговиот ефект, феномен во кој ќелиите на ракот бргу разградуваат шеќери и на тој начин го стимулираат растот на туморот.

Проектот бил започнат во 2008 година, со напомена на тоа како туморите ја претвораат количината на шеќер во лактат во однос на здраво ткиво.

Досега не беше познато дали е тоа симптом или причина за карцином.

Ова истражување нуди докази за позитивните корелации меѓу шеќерот и онкогениот потенцијал во ќелиите на карциномот.

„Нашето истражување открива на кој начин хиперактивното консумирање на шеќер во канцерогените ќелии доведува до еден маѓепсан круг на континуирана стимулација на развој и раст на ракот. Според тоа, ја објаснува поврзаноста меѓу јачината на Варбурговиот ефект и агресивноста на туморот“, вели професорот Јохан Тевелајн.

Истражувачите сметаат дека овие резултати ги имаат сите инклузивни последици и можат да бидат темел за идни истражувања во оваа област, но и да влијаат на прилагодувањата на диетата за пациентите со ова тешко заболување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk