Школскиот одмор е важен како и учењето

Објавено на: Nov 18, 2016 од Мама Силвана

Школскиот одмор како и учењето е важен за нормалниот развој  на децата, покажува студијата од Академијата за педијатрија во Америка.

Тоа што прфесорите често го користат времето после часовите како дополнителни неколку минути за предавање или казна за недолично однесување за време на наставата, не е добро за учениците.

По спроведеното истражување, стручњаците заклучиле дека малиот одмор од обврски e важeн во емоционалното, социјалното, физичкото и акедемското созревање на малдите лица уште од основно училиште.

На децата им е потребно време да го разбистрат умот и да се фокусираат на следниот час. Тоа треба да го знаат и родителите кои често погрешно се однесуваат спрема децата, сметајќи дека одморот од учење е резервиран само за добрите ученици, додека тие кои имаат лоши оценки постојано мораат да учат и да работат.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…