Штетно е мајката и бебето да бидат одвоени по породувањето

Објавено на: Jan 12, 2017 од Мама Силвана
Oporavak-zene-posle-porodjaja

Познатиот шведски лекар Нилс Бергман вели дека ништо не смееме да правиме против природата, бидејќи со тоа долгорочно им штетиме на мајката и на бебето.

Затоа препорачува дека бебињата и мајката не треба да бидат разделени по породувањето. Мајката никогаш не смее да биде сама по породувањето.

Одвојувањето, според Бергман не треба да се случи и тоа е научно докажано, тврди тој. Секако, се сложува дека постојат сутуации и компликации поради кои за доброто и на мајката и на бебето треба да бидат разделени, но во најголем број од слуачите треба да бидат заедно.

Важно, според него, е да се сфати како бебето функционира.

Околината на бебето е мајката. Бебето 100 проценти зависи од својата мајка. Дури и едногодишно дете 99 проценти зависи од мајката.

Одвојувањето на прерано родените бебиња и нивниот престој во инкубатори долгорочно лошо влијае на мозокот на тие бебиња. Тие потполно се лишени од мајчиното влијание, глас, допири и тешење кое го храни физичкиот, психолошкиот и невролошкиот развој на бебето. Недостаток на заштита и поддршка детето го доживува во токсичен стрес.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…