Што влијае за обликот и големината на трудничкиот стомак

Објавено на: Sep 06, 2016 од Мама Кате

Секоја бременост е различна, а така е и со трудничките стомаци. Еве што може да влијае на изгледот на вашиот стомак…

Секоја трудница ќе се сложи дека во оној миг кога нејзиниот стомак ќе стане видлив, секој почнува да го изнесува своето мислење за големината и обликот на нејзиниот стомак.

И додека вие сте горди на својата бременост и на бебето кое го носите, ќе се појави некој кој ќе ви ја размрда самодовербата.

-Дали мојот стомак е премногу голем или премногу мал?

– Дали бебето уште ќе расте…?

Меѓутоа, вистина е дека немате причина зашто да бидете загрижена. Постојат многу работи кои може да влијаат врз големината и обликот на вашиот стомак, а ние ви претставуваме неколку од нив:

Вашата висина

Доколку сте високи и имате долг абдомен, бебето ќе има доста место за растење. Вашата матка ќе се шири нагоре, а нема да турка кон надвор.

Резултат : Вашиот стомак ќе изгледа помал.

Доколк сте ниски, просторот помеѓу колковите и најниското ребро е доста мал, па со самото тоа има и помал простор за бебето. Матката во овој случај нема да се шири нагоре, туку во ширина.

Резултат: Вашиот стомак ќе почне да се познава многу порано и ќе биде поголем.

Која бременост ви е по ред

Жената која е во својата прва бременост има поцврста кожа на стомакот, а исто така и стомачните мускули предходно никогаш не и биле толку растегнати. Тие најчесто се цврсти и го држат бебето високо, па со самото тоа стомакот може да изгледа помал.

Положбата на бебето

Бебињата се прилично активни во стомакот. Често се поместуваат и ја менуваат својата положба, посебно при крајот на вториот триместар.

Во текот на последниот триместар, бебето најчесто е свртено со главата надолу, но може да вртат грбот од една на друга страна.

Па, во зависност од положбата на бебето, вашиот стомак ќе го менува својот облик и големина.

Распоред на органите

Кога носите бебе, плацентата, папочната врвца и амнионската течност мора да се “сместат” некаде помеѓу вашите останати органи.

Како матката расте, може да се случи цревата да се поместат наназад, што пак прави вашиот стомак да изгледа повеќе заоблен. Од сруга страна, доколку се поместат на страна, вашиот стомак ќе биде поголем и ќе се шири.

Предходни бремености

Бременоста ги истегнува стомачните мускули за да има бебето каде да се смести. Меѓутоа, после породувањето мускулите не се враќаат во својата предхода состојба. Во текот на следната бременост, може ќе забележите дека вашиот стомак е поголем, но тоа нема никаква врска со големината на бебето, туку веќе вашето тело е поинакво.

Мускулите се во состојба да го држат бебето цврсто, па така жена која е атлетски градена, која е во форма и го вратила тонусот на мускулите помеѓу бременоста, може да изгледа како да носи многу мало бебе.

Количината на амнионската течност

Количината на амнионската течност која го опкружува вашето бебе може да варира. Додека пак премногу или премалку амнионска течност може да укажува на некои проблеми. Вообичаено е нивото да се менува на секој еден час. Во првите 20 недели, поголемиот дел од амнионската течност се произведува од вашите телесни течности, додека подоцна самото бебе произведува амнионска течност, главно од плунка и урина. Затоа, секоја бременост е различна и големината на вашиот стомак може да зависи од тоа колку вие и вашето бебе произведувате амнионска течност.

Големината на вашето бебе

Се разбира, големината на стомакот во голема мера зависи и од големината на вашето бебе, а во тоа генетиката игра голема улога. Доколку вие и вашиот партнер сте крупни, многу е веројатно дека и вашето бебе ќе биде големо и обратно. Колкаво ќе биде бебето зависи од редоследот на раѓање. Секое следно бебе најчесто е поголемо од својот постар брат или сестра. Исто така, често се случува момчињата да бидат поголеми од девојчињата, но предвидувањето на полот врз основа на големината и обликот на стомакот е сосема друга тема.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…