Што говорат ладните или топлите дланки за вас

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Весна

Најновото истражување покажало дека срдечните личности, подготвени за разговор и соработка имаат топли дланки, додека за другите обратно.

Дури и личноста со камено срце ќе омекне ако во рацете држи некој топол пијалок.

Психолозите испитувале спремност на 60 волонтери на меѓусебна соработка. Најизменично им давале лосиони за раце кои грејат или ладат, а потоа им давале одредени задачи кои требало да ги направат во парови.

Задачите биле тешки, па испитаниците имале права да се определат дали ќе се потрудат да остварат успешна комуникација со доделената особа или ќе се повлечат и ќе делуваат исклучиво во сопствен интерес.

Дошле до заклучок дека луѓето биле спремни да ја сработат задачата тогаш кога рацете им биле топли.

“Постојат докази дека во текот на еволуцијата во нашиот мозок се спојуваат центрите за физичко чувство за топлота и психичката, односно топлината во меѓучовечките односи. Кога некој ќе каже дека е загреан за некоја особа, тоа би требало да се свати буквално, дека со зајакнувањето на позитивните чувства, расте и телесната топлина” – објаснува професорот Ленс Воркмен на Универзитетот во Бату.

Продавачите знаат дека ова е тактика која им носи прихот, дури и ако не се свесни на механизмот како до ова доаѓа. Тие веруваат дека работата е во тоа што пијачата е бесплатна, а всушност станува збор за исконска реакција.

Се на се, ако сакате да стекнете нови пријатели, да ги омекнете вашите колеги или сте во потрага по совршен романтичен партнер, понудете ги со топол пијалок.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…