Што го забавува метаболизмот

Ова се некои работи кои, веројатно, се уште не сте ги знаеле за бавниот метаболизам, кој е голем непријател во остварувањето на вита линија и привлечен изглед.

1. Бавен метаболизам

Под метаболизам ги подразбираме сите хемиски реакции кои се јавуваат во нашето тело, за да не одржат во живот. Тој може да биде и брз и бавен. Колку што е метаболизмот побрз, толку побргу согоруваме калории и обратно. Фактори кои, меѓу другите, можат да го забават метаболизмот се преоптоварен црн дроб, натрупани токсини, стрес и разни воспаленија.

2. Алкохол

Ако вашиот црн дроб е преоптоварен со токсини од алкохол, тоа секако ќе го забави вашиот метаболизам.

3. Диети

Ако не јадете доволно, вашиот организам доаѓа во состојба на глад и задржува калории и маснотии како главен извор на горива. Постојаната диета на тој начин ќе предизвика бавен метаболизам со текот на времето.

Умереноста е клучот за успех.

4. Не е се во калориите

Секогаш се концентрирајте на квалитетот, а не на квантитетот на калориите кои ги внесувате во организмот, бидејќи сите калории не се еднакви. Квалитетните калории ќе имаат големо влијание на вашиот метаболизам, здравје и тежина.

5. Витамин Д

Покрај тоа што поттикнува добро расположение, витаминот Д помага при зголемување на мускулите, кои се вклучени во губењето на килограми. И бројни научни истражувања укажуваат на тоа дека на дебелите лица им недостига токму тој витамин.

6. Појадокот не го поттикнува метаболизмот

Кај луѓето кои јадат здрав и балансиран појадок секое утро, поголема е веројатноста дека ќе донесуваат здрави прехранбени одлуки во денот кој е пред нив. Исто така, истражувањата потврдиле дека привремениот пост во голема мерка може да го поттикне метаболизмот.

7. Дехидратација

Нашето тело се потпира на вода, а дехидратацијата не само што е голем непријател на вита линија, туку и на вашиот изглед. Таа може да го намали метаболизмот за два отсто во текот на денот, што можеби не ви се чини многу. Но, кога тоа ќе го соберете тоа во период од една година, ќе го промените мислењето. Затоа секогаш со себе носете шише вода.

8. Се е во мускулите

Бројни истражувања докажаа дека, како што старееме и ја намалуваме телесната активност, губиме и мускулна маса и три отсто за 10 години. Таквото стареење почнува од 30 години. Кога губиме мускули, нашиот метаболизам природно се забавува.

9. Правете разновидни вежби

Ако сакате што побрз метаболизам, работете кардио и вежби за сила. Би било добро да запаметите дека и активностите со низок интензитет, како одењето, исто така помагаат при забрзување на метаболизмот и губење на калории.

10. Квалитетен сон

Недостатокот на сон и тоа како може да се поигра со вашите хормони, што доведува до бавен метаболизам и пораст на тежината. Спијте квалитетно, без тоа целиот труд е залуден.

11. Јадете доволно протеини

Јајца, месо, риба, млечни производи, целата оваа храна содржи многу протеини. Протеините ја зголемуваат вашата енергија и го забрзуваат метаболизмот, па добро е да ги вклучите во секој оброк во текот на денот. Тие помагаат и во зачувување на вашите мускули.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk