Што е Lollipop слушна терапија

Ако постои одредено отстапување во функционирање на слушниот апарат на вашето дете тогаш голема е веројатноста детето да не ги прима и обработува доволно добро сите надворешни звуци кои допираат до него.

Овој проблем со слушањето доколку не се третира правилно и навремено може да предизвика извесни потешкотии во процесот на учење, комуникација и социјализација кај детето.

Lollipop слушната терапија е комплексна програма чија цел е оспособување и тренирање на слушниот апарат ( ушите ) и самиот мозок за остварување на подобар прием на звуците што доаѓаат однадвор.

Исто така приоритетна цел на овој вид на терапија е зајакнување на мускулите на средното уво чија цел е подобро филтрирање на звуците.

Оваа интензивна домашна програма на слушање која користи модулирана музика од Моцарт стана уникатна вештина затоа што се создава одлична конекција во односот „уво и мозок“

Слушањето на мелодиите на Моцарт ги стимулира зоните од кората на мозокот што помага во развивањето на способноста за говор, комуникацијата и социјализацијата.

Истовремено, со развојот на вербалните способености се влијае и врз развојот на фината и грубата моторика.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk