Што значи зборувањето во сон

Какви хорори се кријат во потсвеста? Според последното истражување група француски научници откриле дека најчесто употребуваниот збор за време зборењето во сон е „не“, додека на второ место е пцовка. Поголемиот дел од „зборувачите во сон“ биле вербално агресивни, и поголемиот дел од нив се мажи.

Зборувањето во сон е една од големиот број парасомнии, кои вклучуваат и кошмари и месечарење.

„Според моето искуство, тоа може да биде причинето од премногу кафе или користење на технологија непосредно пред спиењето. Но тоа не мора да е секогаш случајот. Понекогаш ова им се случува на луѓето кои се престроги према себе, или на оние кои се перфекционисти“, вели доктор Нерина Рамлакан, терапевт и автор на книгата „Брзо спиење, ширум будни“.

Луѓето обично зборуваат кога се во лесен сон, бидејќи во тежок сон мозокот не реагира на истиот начин.

Оваа појава многу почесто се случува кај децата, и со тек на време се надминува, но кај некои лица таа е генетска и трае низ целиот живот.

Зборувањето во сон е ситуација во која мозокот доживува прекумерна стимулација, што најчесто се должи на преголемиот број информации кои ги преработува во текот на денот. Во најголем дел од случаите тоа е поради грижата, стресот или анксиозноста што ја детектира мозокот.

Затоа, доколку забележите дека некој зборува во сон, пробајте да дознаете што го мачи.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk