Што кога бебето не сака да спие

Објавено на: Dec 13, 2016 од Мама Кате

На сите ни е познато дека кога мајката некаде брза да искочи, бебето едноставно не сака да заспие. Иако најчесто брзо потонува во сон, токму тогаш кога мајката испланирала дека нејзиното бебе ќе заспие веднаш, тоа баш и не сака…Ви звучи познато?

Ако детето малку барем почувствува дека родителите се брзаат со заспивање, а децата тоа можат и те како да го почувствуваат, во бебето се вклучува мал “аларм” кој им кажува дека нивната мама се брза, дека без неа или без тато тие ќе останат незаштитени, е тогаш се јавува стравот поради кој се блокира желбата за спиење. Многу логично! Според тоа, заспивањето и не е најголемата забава за родителите, затоа што откако тоа ќе го направат толку многу пати, јасно е дека би сакале тоа да оди некако побрзо и без проблеми. Но не баш така брзо колку што би сакале. Бебето има свој план!

За жал, родителите често се претрупани со обврски и повеќето имаат еден дел од денот во кој би сакале да се посветат на нешто друго. Тоа е во основа навечер или попладне кога бебето спие, но за бебето безгрижно да потоне во сон, тоа не може да го направи набрзина. Бебето е спремно за сон кога сите негови потреби се задоволени, кога доволно се изнаиграло со своите најсакани, кога е доволно уморно и сигурно дека може да заспие, а дека мајката или таткото секогаш ќе бидат во негова близина.

Но, ако мајката се брза, па е малку нервозна бидејќи нејзиното мало баш сега сака уште малку да се гали, па малку сака да си игра а треба да спие – е нешто што дополнително создава тензија, а во тие моменти ни сонот нема да дојде така лесно.

Клучот во воспитувањето на децата, а тоа е нормално и клучот за безгрижен сон – е довербата. Кога бебето, а подоцна и детето, почувствува дека ја губи довербата, дека мајката со своето брзање сака што побрзо да го остави бебето во кревет, алармот е тогаш многу гласен и впечатлив. И детето не е воопшто задоволно, повеќе сомнително!

Затоа драги родители, дури и ако навистина ви се брза, обидете се тоа што помалку да го покажете, наворужајте се со многу љубов и трпение кон своето мало суштество и тоа дури тогаш ќе може убаво да се препушти во царството на сништата. Сега на овие малечки сте им најпотребни и знајте – тој период не трае вечно.

А секако вложувањето во нив што се однесува на вашето посветување во дадени мигови е за нивно среќно растење и верба во љубовта. Наградата која за ова подоцна ќе ја доживеете не може да се мери со никое богатство на овој свет. Веруваме дека сакате барем да се обидете да го “освоите”.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…