Што кога крварите а немате менструација

Многу жени се соочиле со абнормално вагинално крварење. Крварењето се смета за абнормално доколку се случи кога не очекуваме менструација, ако се појави пред десетата година од животот, за време на бременост или после менопауза.

Самото по себе абнормалното крварење не е знак дека нешто сериозно не е во ред со вашата здравствена состојба. Доколку се појави крварење во текот на бременоста неопходно е да се посети гинеколог. Најчесто во случај кога крварењето е минимално тоа се смета за релативно нормална појава кај некои жени. Меѓутоа доколку се појави обилно крварење, особено пред истекот на 12 недела од бременоста тоа е знак дека нешто сериозно не е во ред. Најчесто станува збор за сериозен проблем како што е спонтан абортус, вонматерична бременост или плацента превија.

Кај некои жени, појавата на крварење меѓу двете менструални крварења е поврзано со овулацијата. Во случај на постоење на полицистични јајници, иако настанатата хормонална нерамнотежа може да попречи на нормалната овулација, сепак можно е да се забележи крварење.

Чест причинител на абнормалните крварења се и таблетките за контрацепција и спиралата. Во првите месеци по почетокот на употреба на таблетите не ретко се забележува крварење меѓу двата циклуса, кое во случајов може да се појави и доколку терапијата не се зема секојдневно. Спиралата која се вградува во женскиот репродуктивн систем со цел да спречи бременост освем што предизвикува абнормално крварење, може да услови и појава на обилен менструален тек.

Доколку дојде до воспалување на некој орган во карлицата ( јајцеводите, јајниците,матката или самата вагина) можно е абнормално крварење. Кога инфекција е причинителот на неговата појава тогаш е забележано дека се јавува најчесто по завршувањето на сексуалниот чин.

Секако не смееме да заборавиме да напоменеме дека и тука екстремниот емоционален стрес игра голема улога. Заедно со екстремната физичка активност тој се смета за редок но сепак присутен причинител на абнормалните крварења.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk