Што понатаму откако ќе станете свесни дека сте испукале еден куршум во центарот на вашиот брак

Едноставно не се сакате повеќе со истиот интензитет како што сте се сакале на почетокиот на бракот. Ваште розови очила , попатно, се искршиле во некоја торба полна со проблеми. Логично е да се прашате: Каде згрешив?
На тоа прашање и на прашањето “Зошто дојде до ова? ” можете да си одговорите само ако се анализирате себе си, како се однесувате сега и како сте се однесувале во минатото. Разјаснете ги пред се вашите чувства, но запомнете не се само тие единствен дел од комплексиот организам на љубовта. Да се биде заљубен тоа не е само емоција-тоа е и животно искуство.

Очекувано е љубовта која што не се негува со текот на годините да згасне. Само оние кои што ја слушнале знаат каква болка може да предизвика реченицата “не те сакам повеќе” Немојте да ги поттиснувате емоциите, плачете на сиот глас, дозволете си да се утешите со она што најмногу ќе ве задоволи во моментот. Не се обвинувајте, сепак целта ги оправдува средствата.

Ваквото признание иницира прекин на бракот. Разводот не мора да се случи веднаш, но знаејќи дека веќе еднаш сте ја почувствувале болката слушајќи ја таа реченица никогаш повеќе нема да биде исто. Вие нема да бидете истите. Силата на нештата никогаш неможе да се совлада-работите ќе се случуваат онака како што треба да се случуваат. Затоа едноставно ослободете се и пуштете го времето да го направи своето. Запрашајте се дали сето тоа е вредно за вашите солзи?

Не се измачувајте залудно во обидот да сватите каде сте погрешиле. Луѓето се менуваат, се сменивте и вие и вашиот партнер. Или пак, можеби не се сменил тој, туку се сменил само начинот на кој што вие се однесувате кон него, начинот на кој што вие него го доживувате. Проблемите се еден од многуте фактори кои што го дефинираат вашиот брак.

Сигурно ви се случило да ја избегнувате љубовта понекогаш преферирајќи да бидете сами.

Немојте да се зачудувате-но веќе сте испукале еден куршум во центарот на вашиот брак. Во ред е таа потреба да се практицира повремено, но се почестото уживање во осаменоста и дистанцирањето од партнерот ја менува сликата за вас и вашиот однос кај него. Љубовта почнува да ја губи својата магија. И кога се ќе помине можеби ќе ви се отворат очите што се случило, дур се навраќаме во мислите каква била вашата љубов порано и колку всушност сте уживале во друштвото на вашиот сопруг.

Одберете дали ќе живеете во брак со ладни срца и ладен однос помеѓу ваас и вашиот сопруг или пак ќе се потрудите повторно да сакате.

Единствено прашање што реално заслужува одговор е – Дали имам сила за повторни почетоци?

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk