Што може да предизвика крв во урина

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Кате

Инфекција на бубрезите настанува кога преку мочниот канал бактеријата ќе стигне до едниот или, пак, до двата бубрега и ќе почне да се размножува. Симптомите се слични како и кај инфекцијата на уринарниот тракт. Честопати се јавуваат и треска и болки во слабинскиот дел.

Инфекција на уринарниот систем настанува кога бактеријата ќе навлезе во организмот преку мочниот канал и ќе стигне до мочниот меур каде што се размножува. Болка и печење при уринирање, постојан нагон за уринирање и силен мирис на урината се најчестите симптоми при бактериска инфекција на бубрезите.

Камен во бубрег/мочен меур – присуството на каменчиња во бубрезите или мочниот меур може да биде причина за појава на видлива крв или микроскопска (скриена крв) во урината. Се јавува како резултат на придвижување на каменчињата со што се оштетува ѕидот (слузокожата) на мочниот меур и на бубрезите. Карактеристичен симптом при каменчиња во бубрегот е остра болка во вид на колика.

Зголемена простата – зголемувањето на простата, кое најчесто се јавува кај мажите по 50-тата година, може да биде причина за појава на микроскопска крв во урината. Симптомите на зголемена простата вклучуваат тешкотии при уринирање, итен нагон за уринирање, задршка на урината и сл.

Болести и повреда на бубрезите – присуство на микроскопско крвавење во урината (кое не можете да го видите со голо око) е чест симптом кај гломерулонефритис, кој предизвикува инфекција на системот на филтрација на бубрезите. Гломерулонефритисот може да се јави како резултат на системско заболување како дијабетесот, може да се јави при вирусна и бактериска инфекција, болести на крвните садови, нефропатија и сите состојби при кои доаѓа до нарушување на капиларите во бубрезите (гломерули). Појава на крв во урината може да се појави и при траума на бубрезите.

Канцер – видливите траги на крв може да бидат знак на напреден стадиум на канцер на бубрезите, мочниот меур или простатата.

Наследни болести – видливо крвавење или микроскопски траги на крв во урината се појавуваат и при наследната болест српеста анемија, каде што постои нарушување на хемоглобинот во црвените крвни клетки.

Лекови – одреден тип цитостатици и препарати на пеницилин може да предизвикаат крвавење во урината. Видливи траги на крв честопати може да се јават и при земање антикоагуланти, како аспирин.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…