Што најчесто го попречува природното зачнување

Неможноста партнерите на природен начин да добијат потомство подлежи на низа медицински дијагностички процедури со цел да се открие причината што доведува до таа несакана ситуација.
Според Американското здружение на гинеколози и акушери, најчеста причина за неможноста еден пар да зачне е запушувањето на јајцеводите кај жената, нивно оперативно одстранување или ендометриоза. Исто така голема улога игра и староста на жената.

Причинител може да биде и машкиот стерилитет од сите степени. Најтежок степен на машки стерилитет е азооспемијата кога спрематозоидите можат да се најдат само во седиментите на спермата.

Исто така, како причинители на неможноста да се зачне по природен пат се наведува и синдромот на полицистични јајници, отсуството на овулација а понекогаш и постоењето на тумори на матката кои мораат да бидат отстранети пред да се пристапи кон вештачко оплодување.

Сепак кај дури 30 % од паровите кои што се соочуваат со овој проблем не може да се утврди причинителот. Во тој случај тие се групираат во категоријата на идиопатски стерилитет.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk