Што нема да ви каже докторот за породувањето

Објавено на: Jun 06, 2016 од Мама Кате

Кога ќе почнат контракциите и кога ќе стигнете во болница, нема да ви дозволат да јадете, без разлика колку болките траат. Ќе можете само да пиете вода и ретки сокови. Тоа се практикува главно поради можноста за царски рез: ако сте под општа анестезија, докторите стравуваат дека со вдишувањето ќе ја донесете храната во дишните патишта.

Породувањето може да трае многу долго

Кога жените се породуваат за прв пат, обично не се ни свесни за фактот дека породувањето (самиот чин, не сметајќи на болките) може да трае со часови. Сосема е нормално првото породување да трае долго.

Анестезијата не е гаранција

Се случува анестезијата да нема никакво дејство. Може да се случи анестезијата да не се прошири по телото, поради индивидуалната анатомија кај жената, како и од некои други фактори. Некогаш болката се чувствува само на едната страна од телото, некогаш само во одредена област.

Многу луѓе ќе го видат вашето меѓуножје

Се зависи од болницата. Ако се породувате во помала болница, може да се случи само двајца луѓе да присуствуваат на вашето породување, но ако се работи за поголема болница, на породувањето може да присуствуваат две сестри, неколку студенти на специјализација, бабица и доктор.

Бројот на отчукувања на срцето кај бебето може да опадне

Не ретко се случува за време на породувањето папочната врвка да се истегне или собере, што може да доведе до краток пад на бројот на отчукувања на срцето кај бебето. Ако сте прикачени на апарати, тие ќе го известат медицинското лице за тоа и може да се случи тогаш во просторијата да надојдат многу луѓе што може да биде застрашувачко. Спорото работење на срцето на бебето може да биде показател за нешто посериозно, но тоа најчесто не е случај.

Ќе бидете многу уморни

Во последните недели од бременоста, жените најчесто спијат многу малку највеќе поради тоа што често мораат да уринираат бидејќи бебето притиска на бешиката. Потоа, мајката не спие убаво од самиот почеток на болките па се до породувањето, а тој период може да биде долг и да трае повеќе дена.

Можеби ќе бидете подуени

Вообичаено е жените по породувањето да се стават на интервенозна терапија, што се прави чисто од претпазливост со цел да се спречи дехидрацијата. Ден потоа, жените се отечени по целото тело поради течностите кои ги добиле преку оваа терапија. За време на бременоста и самото тело произведува и задржува повеќе течности што исто така допринесува за подуеноста. Многу жени повеќе се потат и уринираат по породувањето бидејќи на таков начин ги исфрлаат течностите од организамот.

Ако се породите со царски рез, некое време ќе имате катетер

Ако треба да се изврши царски рез, ќе ви биде ставен катетер за бешиката да остане празна како докторите би можеле полесно да ја завршат својата работа. Покрај тоа, катетерот е препорачлив бидејќи нема да морате да станете по породувањето бидејќи тоа може да биде премногу болно. Катетерот во повеќето случаи се задржува само за време на првиот ден, освен ако количината на урина која ја произведувате не отстапува од нормалната.

Доењето може да боли

Доењето може да боли, но и не значи дека мора да боли. Вообичаено не е болно, но постојат голем број на жени кои се жалат на болка.

Вагината ќе изгледа поинаку

По породувањето, вагината ќе изгледа поинаку. Најчесто се сè враќа во нормала, но сепак ќе биде малку поинаква. Со други зборови, немојте да се изненадите ако не изгледа како порано. Неможноста на задржување на течностите е вториот можен проблем и не е чудно ако во текот на првите недели и месеци новите мајки се соочуваат со тоа (ако трае подолго од 6 месеци, обратете се на доктор). Според тоа, ако го доите своите бебе, вагината може да ви биде сува. Тоа се случува кај повеќето жени.

Ќе крварите некое време

Нормално е да крварите четири до шест недели по породувањето. Крварењето во принцип не е обилно, па дури и ако понекогаш е зголемено, тоа е нормален процес. Во случај крварењето да е обилно, обратете се кај вашиот лекар.

Породувањето е најлесниот дел

За повеќето мајки породувањето е најлесниот дел од мајчинството. Она што доаѓа после породувањето е далеку поголем предизвик.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…