Што се случува со телото по породувањето

Објавено на: Jan 12, 2017 од Мама Силвана
posle-porodjaja

Иако целото внимание е насочено кон бебето, не занемарувајте ни што ве чека по породувањето. Поглавјето по породувањето е важно, но за тие работи не сака никој да зборува.

Конци и копчиња долу

Вообичаено е мало пукање на вагината, посебно ако се работи за прво дете. Ако имате среќа да добиете епидурал, тогаш нема ништо да почувствувате, ниту епизиотомија ниту сошивање.

Стомак како желе

Стомакот по породувањето нема да ви се допаѓа, но тоа може да се реши. Тоа била една голема лубеница која исцицана седи на вас.

Паѓање на косата

Сјајот на косата од бременоста ќе исчезне по породувањето. Косата ќе се врати во нормала, а бујноста ќе исчезне поради вишок на хормони. Ќе паѓа повеќе од вообичаено но ќе и требаат четири месеци да се стабилизира.

Констипација

Борбата со констипација (запек)за време на бременоста ќе продолжи и по породувањето. Исхраната богата со влакна ќе биде најдобар сојузник.

Ноќно потење

Огромната количина на хормонот естроген ќе има во телото поради што температурата потешко ќе се регулира. Но ќе се врати во нормала две до три недели по породувањето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…