Што сè умее дадилката која го чува принцот Џорџ?

Објавено на: Jul 01, 2015 од Мама Весна

43-годишната Марија Тереза Турион Борало, е супер дадилка која се води според принципот дека детето не смее да се тепа, но таа знае кого и кога да го удри ако затреба.

Имено Марија е дадилка на принцот Џорџ, и таа морала да помине низ специјална обука која чини неколку илјади долари. Меѓу другото, таа вклучува и доста интензивни тренинзи за „мешана борба“.

Во строгиот избор можеле да поминат само оние со најсилните аргументи, а Марија Тереза дефинитивно ги имала. Таа дипломирала на Универзитетот Норланд во гратчето Бату во југо-западна Англија. Најважниот закон во тoа престижно училиште за дадилки на богаташи вели: „Детето никогаш не е лошо и забрането е удирање“.

Меѓутоа, истовремено дадилките се обучени и да удират, доколку има потреба – на пример во случај на киднапери. Како и сите останати ученици во Норланд, дадилаката на Џорџ ја поминала обуката за боречки вештини, при што се специјализирала за таеквондо.

Марија е обучена со леснотија да избегне напаѓачи, а истовремено беспрекорно да ја контролира детската количка со бебето.

Освен тоа, дадилката Марија Тереза, која заради својот карактер пријателите во училиштето ја нарекувале „Света“, обучена е да вози автомобил со максимална брзина без разлика на временските услови, а најголема причина за тоа се папараците.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…