Што треба да правите ако сте болни од грип

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

Во случај на разболување од грип или од некоја друга вирусна инфекција слична на грип, Комисијата препорачува да се остане дома, да не се оди на работа, во училиште или на места каде има премногу луѓе.

Еве кои се другите препораки:

–  Одморање и земање многу течности и лесна храна.

–  Избегнување блиски контакти со лицата со кои заедно се живее, да не се примаат посети додека трае заболувањето.

– Болниот да става маска/крпа на устата и носот кога контактира со блиските во домот, кога кашла и кива.

–  Да се мијат рацете со топла вода и сапун – често и темелно, особено по кивање или кашлање.

– Да се користат влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете.

–  Да се избегнува допирање на очите, носот и устата со раце.

– Отстранување или дезинфицирање на загадените предмети од околината адекватно.

– Често проветрување на просторијата каде болниот престојува додека е заболен.

– Одржување чиста околина  – предмети, површини со средства за хигиена на домот.

– Доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови, болниот од грип да побара лекарска помош.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…