Јаболковиот оцет ја негува косата

 

Оваа маска за сува и оштетена коса е навистина едноставна за подготовка, а истовремено е неверојатно хранлива за сувото и оштетено влакно, ревитализирајќи го и враќајќи ја бујноста на косата.

За нејзината подготовка потребни ви се само три состојки:
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица јаболков оцет
– 1 јајце

Сите три состојки добро се промешуваат и добиената смеса се нанесува на косата започнувајќи од коренот кон врвовите. Потоа со четка правилно распоредете ја маската низ целата коса. Нежно втријте ја во косата и оставите ја да отстои околу 20 минути а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk