Јаболкото ја негува и храни косата

Јаболкото е овошка која има неверојатна моќ да ја претвори вашата сува и оштетена коса во мека и свиленкаста, негувајќи ја со своите непроценливи хранливи состојки.

За да подготвите домашна маска од јаболко потребни ви се три состојки:

  • 1 ситно рендано јаболко
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 2 лажици сок од лимон

Подготовката е многу едноставна.

Во изренданото јаболко додајте ги оцетот и сокот од лимон и промешајте. Ставете ја смесата на скалпот и нежно масирајте.

Разнесете ја маската и надолу кон врвовите. Оставете ја смесата да делува 30 минути, а потоа исплакнете со вода и измијте ја косата со шампон.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk